Во Керчанскиот залив почна изградбата на мостот до Крим на морските делници, соопшти инфо-центарот „Кримски мост”.
„Почна изградбата на мостот преку Керчанскиот залив на морските делници. Досега е реализирана изградбата на копнените делници. На западниот крај на островот Тузла се поставуваат столбови кои ќе го држат делот на мостот наменет за патен сообраќај над вода“, објаснија од инфо-центарот, пренесува „Взгљад”.
Во соопштението исто така се наведува дека се вршат работите од технолошката платформа на која се наоѓа дигалка тешка 300 тона, вибрациска дупчалка, хидрауличен чекан и кондуктор.
Во моментов меѓу брегот и островот Тузла се градат потпирачи за патниот и железничкиот мост на осум столбови. Столбовите се поставуваат на длабочина од над 4 метри.
На 14 април претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека руските власти тешко нашле компанија на која ќе ѝ се довери изградбата на Кримскиот мост. Тој изрази надеж дека „сѐ ќе биде изведено квалитетно и во рокот”.
Кон крајот на минатата година изградбата на Кримскиот мост може да се набљудува и преку официјалниот сајт.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче