Петиција за преиспитување на резултатите од „Евровизија“

Петицијата на сајтот Change.org со повик да се преиспитаат резултатите од „Евровизија“ собра над 150000 потписи и ќе им биде предадена на организаторите на натпреварувањето – Сојузот на националните телевизии на Европа.

Петицијата за преиспитување на гласањето на професионалното жири ја почна Артур Ованисјан од Ереван, но во текстот тој сепак не предлага некакви конкретни решенија, пишува „Извести“.

„Сфаќаме дека и за жирито и за ТВ-гледачите гласањето беше тешко, дека имаше многу емоции, но бројот на оние кои ја поддржаа петицијата зборува за тоа дека луѓето се сигурни дека не победил оној кој се очекуваше да победи“, стои во текстот.

Во саботата, 14 мај, на „Песна на Евровизија“ победи украинската пејачка Џамала со песната „1944”. Рускиот натпреварувач Сергеј Лазарев со песната You Are The Only One и покрај предвидувањата го зазеде третото место, иако доби најмногу гласови од телевизиските гледачи (конечната оценка е формирана од збирот на гласовите на гледачите и мислењето на жирито).

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња