Интересни ток-шоу програми на руската телевизија нудат широка лепеза различни погледи по тоа е таа неспоредливо подобра од американската, пишува за Consortium News Гилберт Докторов, координатор на „Американскиот комитет за поддршка на односите меѓу Исток и Запад“ во статијата што ја пренесува ИноТВ. Тие емисии собираат пред екраните милионска публика, а тука спаѓаат и емисијата на ветеранот на руската телевизија Владимир Соловјов и емисијата „Специјален кореспондент“ на Евгениј Попов, чиј гостин во мај беше и Докторов. Како што изјави тој, сѐ што доживеал таму го потврдил неговиот впечаток што го стекнал како гледач: „Руската телевизија е навистина пазар на идеи и постои разбирање и почитување за плурализмот на мислењата“.
Гостите на руските ток-шоу програми се како државјани на земјата, така и странци. Во повеќето случаи претставени се и луѓе кои ја поддржуваат политиката на Кремљ и опозиционери, пишува Докторов. Речиси секогаш може да се најде барем еден негов соработник што го брани ставот на Вашингтон, а често гостуваат луѓе од Израел, Полска, Украина...
Најмалку место на телевизијата има за несистемската опозиција, смета Докторов. Па сепак, тоа може лесно да се објасни: „Малку веројатно е дека власта ќе сака на државната телевизија да се појавуваат бунтовници кои ги посетуваат такви претставници на американскиот естаблишмент како што е на пример Џон Меккејн".
Русите се големи љубители на борбата без правила, и руското ток-шоу е во стилот на слободна дискусија, а ораторите често личат на гладијатори чии најостри изјави се бурно проследени со аплаузи од публиката.
Притоа, водителот на емисијата е во состојба да ги држи сите под контрола. Кога лично Докторов се обидуваше на руска телевизија да објасни дека концертот на Мариинскиот театар во Палмира не остави никаков впечаток во светот, и дека реакцијата на странските новинари кои присуствуваа беше повеќе негативна отколку позитивна, тој сепак не мораше да се бори за збор, да се труди да ги надвика останатите.
„Би било одлично кога нешто слично би било можно во најпопуларните американски ТВ-програми, стихиски но длабоки расправи за политиката и односот спрема Русија и другите земји“, резимира Гилберт Докторов.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче