Основниот дел од тужбата на Иран против Русија за ракетните системи С-300 е во целост регулирана по добивањето на првата партија на системите од страна на Техеран, изјави за агенцијата „Спутник“ членот на комитетот за национална безбедност на Иран Хусеин Сабхани.
„Можеме да кажеме дека случајот е во фаза на запирање, неговото повлекување бара некои мерки кои Иран треба да ги преземе пред Меѓународниот суд, сепак основниот дел од тужбата е во целост регулирана по добивањето на Иран на првата партија ракетни системи“, изјави Сабхани.
Според неговите зборови, откако Иран ги доби ракетните системи, тужбата нема законска основа. „Тужбата беше поднесена против определена руска странка која не ги исполни своите обврски, меѓутоа таа страна ги исполни своите ветувања и му испорача на Иран ракетни системи“, додаде Сабхани.
Во април министерот за одбрана на Иран Хосеин Дехган соопшти дека руските С-300 стапиле во вооружувањето на иранската армија и истите беа покажани јавно во текот на воената парада по повод Националниот ден на армијата на 17 април во Техеран.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче