Медиуми:НАТО нема да распореди сили за брза реакција при конфликт со Русија

Силите за брза реакција на НАТО во Источна Европа се „крајно ранливи“.

НАТО нема да успее да ги распореди силите за брза реакција во Источна Европа (Spearhead force) во случај на евентуален конфликт со Русија, пишува „Фајненшел Тајмс“ повикувајќи се на извори на Алијансата.

Двајца високи претставници на Алијансата изјавија дека групата од пет илјади луѓе која може да биде активирана во случај на тревога во балтичките земји или Полска, ќе се покаже како „крајно ранлива“. Одлуката на Москва за распоредување на свое вооружување во Калининградската област претставува значителна опасност за НАТО, пишува изданието.

„Русија има свои ракетни и противбродски системи на копно и на море, како и борбени авиони, распоредени во Калининградскат област кои можат да покриваат огромни реони“, соопшти весникот претставник на НАТО, пренесува РИА „Новости“.
 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња