Во писмото кое е потпишано од претставниците на руско благородништво Никита Лобанов-Ростовски, Александар Трубецкој, Петар Шереметјев и Сергеј Капнист стои дека таткото на Марија Романова бил во директна врска со Хитлер и им помагал на нацистите.
„Владимир Кирилович Романов, таткото на Марија Владимировна, отворено ги поддржуваше нацистите, беше близок со Адолф Хитлер и во текот на војната се наоѓаше во неговиот штаб, се подготвуваше како марионета да управува со СССР по германската окупација. Тој јавно ја повикуваше руската емиграција и благородништвото во егзил да му се придружат на Третиот рајх и да се борат против советската армија во име на враќање на монархијата и отворено ги поддржа повиците на финскиот генерал Манерхајм да се војува на страната на нацистичка Германија“, ги наведува Лента.ru деловите од писмото чија копија поседува. Со ова писмо се приложени и документирани потврди на сето што е изјавено, велат авторите.
Марија Владимировна Романова (61) смета дека таа има најмногу право да биде на чело на династијата како ќерка на Кирил Владимирович, братучед на Николај Втори, кој после револуцијата се прогласи за император меѓутоа мнозинството членови на династијата не го призна.
Во обраќањето на руското благородништво до Путин е нагласено дека Марија не може да ја предводи династијата и да се бара да ѝ се овозможи враќање во Русија со посебен статус, и дека единствениот кој заслужува да биде на чело на династијата е Дмитриј Романович Романов, директниот праправнук на Николај I.
Писмото од руското благородништво е наводно предадено до кабинетот на претседателот на Русија, меѓутоа портпаролот на Путин Дмитриј Песков е изјави дека администрацијата на претседателот засега не знае ништо за тоа. Копија од писмото исто така е испратена и до претседателот на Државната дума, пишува порталот „Лента.ру“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче