Западните колеги почнаа да разбираат „каде лежи зајакот“ во ситуацијата со Украина и зошто реализацијата на „Минската спогодба“ се наоѓа во ќорсокак.
Ова го изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров на средбата со белоруски младинци во Белорускиот државен универзитет, пренесува ТАСС.
„За жал, овде сѐ не зависи од нас, но во последно време западните колеги веќе сфаќаат „каде лежи зајакот“ и кој е одговорен за сегашниот ќорсокак“, изјави министерот.
Тој исто така потсети дека на 12 февруари 2015 година во Минск беше изработена важна спогодба. Лавров е убеден дека таа го одразува сфаќањето на Европејците и Американците за неопходноста да се прекине со забивањето клинови не само меѓу Украина и нејзините соседи, туку и во самата Украина.
„Сега никој не ја одрекува неопходноста од директно почитување на „Минската спогодба“, додаде министерот за надворешни работи на Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче