Захарова со предлог-рефрен, Рогозин со предлог-група за „Евровизија 2017“

Руските политичари го коментираа вчерашното финале на „Песна на Евровизија 2016“.

Портпаролот на руското МНР Марија Захарова ги коментираше резултатите од „Евровизија 2016“, на која победи Украинката Џамила со песна посветена на депортацијата на кримските Татари.

„Мислам дека на следното натпреварување треба да се пее за Асад. Ќе ви подарам рефрен: Assad bloody, Assad worst / Give me prize, that we can host“, напиша таа на својот Фејсбук-профил.

Рефренот може да се преведе како: „Асад крвав, Асад најлош / Дајте ми награда за да станам домаќин“ (на натпреварувањето).

Претходно за „Евровизија“ се пошегува и рускиот вицепремиер Дмитриј Рогозин, кој предложи догодина во Украина, која ќе ја организира следната „Евровизија“, да се испратат Сергеј Шнуров и групата „Ленинград“.

Неговата реакција беше во смисла – Шнуров нема да победи, но без цензура ќе искаже сѐ што Русија мисли за Евровизија.

Шнуров е лидер на групата „Ленинград“ од Санкт Петербург, познат по ексцентричните песни во кои често употребува навредлива лексика и пцости.

Во вчерашното финале на „Песна на Евровизија” во Стокхолм рускиот претставник Сергеј Лазарев го освои третото место, пренесува „Интерфакс“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња