Украинските гледачи му дадоа максимален број поени на Лазарев

Евровизиските гледачи во Украина му го дадоа максималниот број поени (12 поени) на рускиот изведувач Сергеј Лазарев.

Евровизиските гледачи во Украина му го дадоа максималниот број поени (12 поени) на рускиот изведувач Сергеј Лазарев, а Русите од своја страна 12 поени дадоа за учесничката од Ерменија Ивет Мукучан, додека Украина доби 10 поени од Русија, пренесува РИА „Новости“.

Финалето на „Евровизијата“ заврши во Стокхолм доцна вечерта во неделата. Победничка стана пејачката Џамала од Украина со песната „1944“. Второто место. го зазеде претставничката на Австралија Деми Им, а на трето место се најде рускиот изведувач Сергеј Лазарев кој настапи со песната You are the only one.

Во 2016 година правилата на гласање претрпеа големи измени: професионалното жири и телевизиските гледачи од секоја земја ги оценуваа натпреварувачите одделно, давајќи им  поени од 1 до 8, како и 10 и 12. Според зборовите на организаторите, ова е најзабележителната новина воведена на „Евровизија“ во последните 40 години.

Русија досега има настапено 19 пати на „Евровизија“. Во 2008 година пејачот Дима Билан со песната Believe го освои првото место. Четирипати – во 2000, 2006, 2012 и 2015 година – руските изведувачи беа втори.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња