Су-27 повторно пресретна американски шпионски авион над Балтикот

Ова е неделава петти по ред американски шпионски авион забележан во близина на руските граници.

Американски авион за набљудување бил забележан во близина на крајбрежјето на Калининградската област. Ова го јавуваат западните авиопортали кои го следат движењето на воената авијација. Тие исто така соопштуваат дека Русија испратила ловец Су-27 да го пресретне шпионскиот авион.

Авионот RC-135V со ознака ELGIN33 полетал од базата „Милденхол“ во Велика Британија со цел реализација на задачи во Балтичкото море. Тој летал со вклучен транспондер и затоа бил видлив на радарите.

Ова е неделава петти по ред американски шпионски авион забележан во близина на руските граници. На 30 април поради американска провокација руски ловец мораше да се доближи до американски авион на неколку метри и да му укаже на ракетите на крилата – како предупредување, пишува „Вести.ру“ на својот портал. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња