Штајнмаер: Русија е „агресор“, но на Западот му е потребна

Без оглед на „дестабилизацијата“ на Украина, Русија игра позитивна улога во решавањето на меѓународните конфликти, како на пример, во Сирија, изјави министерот за надворешни работи на Германија Франк-Валтер Штајнмаер во интервју за „Тагесшпигел“.

„Изолацијата на Русија не е политика“, изјави во интервјуто за „Тагесшпигел“ министерот за надворешни работи на Германија Франк-Валтер Штајнмаер.

Од една страна, Русија го „анектираше“ Крим и го „дестабилизира“ истокот на Украина. Сепак истовремено Русија имаше свој придонес во преговорите за иранската нуклеарна програма. На тој начин, Западот има потреба од Русија за решавање на големите меѓународни проблеми, за што сведочи и ситуацијата во Сирија. Освен тоа, Русија, веројатно, исто така ќе биде вклучена и во стабилизацијата на Либија, потенцира Штајнмаер.  

Според зборовите на германскиот политичар, враќањето на Русија во Г-8 е „во интерес на Западот“. Имено во кризни периоди е важен дијалогот меѓу различните страни. Од друга страна, изолацијата и некоординираноста не придонесуваат за постигнување мир. Токму затоа водечките земји се заинтересирани за враќање на Русија во Г-8, ако Русија, од своја страна, ги исполни своите обврски од „Минската спогодба“.

Исто така , во ЕУ сѐ посилен е отпорот кон продолжувањето на санкциите против Русија, затоа „ќе бидат потребни напори за да се дојде до заедничко решение“, заклучува Штајнмаер, пренесува ИноТВ. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња