Над 40 мигранти по тепачката во Москва ќе бидат депортирани од Русија

Вчера во Москва се случи масовна тепачка со употреба на огнено оружје, при што тројца загинаа и околу 30 лица беа ранети.

Повеќе од 40 нелегални мигранти приведени вчера по масовната тепачка во Москва ќе бидат депортирани во најскоро време од Русија, изјави за ТАСС извор во органите на редот и мирот. Во моментов со приведените работат припадниците на службата за Кривично гонење и Центарот за спречување на екстремизмот. Според наведениот извор, над 150 лица беа вчера приведени по масовната тепачка што се случи на Хованските горибишта. Мнозинството од нив се мигранти од земјите од Средна Азија: Таџикистан, Узбекистан и други земји до ЗНД.

Засега не може точно да се каже што се случило на Хованските гробишта, но службениците, кои прибираат изјави за овој случај, треба да бидат крајно внимателни со зборовите и да не се обидуваат сѐ да им префрлат на мигрантите, изјави во интервју за „Ехо“ раководителот на Интегративниот центар „Миграција и закон“ Гавхар Џураева.

Вчера во Москва се случи масовна тепачка со употреба на огнено оружје, при што тројца загинаа и околу 30 лица беа ранети. Четворица од нив се наоѓаат во тешка состојба.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња