Медиум: НАТО се плаши од ракетите „Калибар” во Црното море

Воените аналитичари на НАТО сметаат дека Црното море е централниот елемент во руската стратегија, затоа што со распоредувањето таму на бродови со крстосувачки ракети „Калибар” Москва ќе може да погодува цели од „Каиро до Вилнус“, пишува „Фајненшел Тајмс“.

НАТО смета дека Русија со помош на ракетите „Калибар” во Црното море спроведува стратегија на спротивставување на Алијансата, пишува „Фајненшел Тајмс“.

Пред самитот на НАТО што ќе се одржи за два месеци во Варшава, многу членки на Алијансата се загрижени поради фактот што Русија продолжува да го зајакнува своето воено присуство во црноморскиот регион, пишува весникот.

Како што истакнува авторот на статијата, претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган неодамна, зборувајќи за влијанието на Русија, повика НАТО да ги зајакне своите позиции во Црното море кое, според неговите зборови, треба да биде „море на стабилност“.

Военото раководство на НАТО навистина веќе со месеци на политичките лидери на земјите-членки на Алијансата им укажува на тоа дека Русија ја применува таканаречената стратегија A2AD (anti-access/aerial denial – спречување пристап и навлегување во воздушниот простор), обидувајќи се исто така да формира зони на влијание така што ги нарушува НАТО операциите во близина на границите на Алијансата, а одвреме—навреме дури и на негова територија, истакнува весникот.

Централниот елемент на тој план е, според мислењето на воените аналитичари на НАТО, Црното море, затоа што со распоредувањето таму на бродови со крстосувачки ракети „Калибар” Москва ќе може да погодува цели од „Каиро до Вилнус“, се наведува во статијата.

Руското раководство на овај регион му посвети интензивно внимание уште 2010 година. Москва за модернизација на Црноморската флота која, како што се тврди во статијата, беше една од најслабите во руската Воена морнарица, издвои милијарда долари.

Реагирајќи на потезите на Москва, НАТО се обидува да ги охрабри своите сојузници во регионот. Помеѓу другото, и со пуштање во работа на системот за ПРО на САД во Романија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња