Амбасадата на РФ во Пјонгјанг побара од министерствата за надворешни работи и на Народните вооружени сили на Северна Кореја информација за причините и околностите за запленувањето на руската јахта „Елфин“ во водите на Јапонското море во петокот, 13 мај.
Јахтата пловела од јужнокорејскиот град Бусан кон Владивосток. Претставник на амбасадата соопшти за ТАСС дека побарани се итни мерки за ослободување на јахтата и нејзиниот екипаж. Генералниот конзул на РФ Јуриј Бочкарев исто така изјави дека конзулатот побарал да се обезбедат услови за состанок со екипажот на јахтата.
Претставници на Генералниот конзулат на РФ во градот Чондин се упатија кон пристаништето Кимчак, каде треба да вплови руската јахта во придружба на брод на крајбрежната стража на Северна Кореја. Претходно беше соопштено дека на јахтата има пет лица.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче