„По работата во НАТО имам несвесна навика вратоврската да ја носам настрана“, напиша заменик-премиерот на Русија на „Фејсбук“. „Морав да ги пазам од оние што јадат вратоврски“.
Исто така, Рогозин како коментар напиша и дека нема потреба да се прави „вест“ од таква обична работа, како и дека Русија почнува со производство на сопствен регионален авион врз база на Ил-114.
Како што пренесува РИА „Новости“, шегата на Рогозин се однесува на интервјуто на Михаил Саакашвили за „Би-Би-Си“ од 16 август 2008 година, кога тогашниот грузиски претседател ја џвакаше својата вратоврска, видно нервозен.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.