Витез со копје собори квадрокоптер

Дронот што ги снимаше учесниците во историски фестивал стана жртва на прецизен удар со копје.

Обичен квадрокоптер со камера го снимаше логорот на учесниците во историскиот фестивал „Русборг“ што се одржуваше од 5 до 9 мај во Липецката област (465 км од Москва). Воин по име Константин, откако го забележа дронот, ненадејно се одвои од толпата и направи, како што веќе го нарекоа, „епски подвиг“ – фрли копје кон дронот и го погоди.

„Замислете. Ова е, најверојатно, единствениот дрон на светот соборен од противавионски оган од земја – со помош на фрлено копје!“, напиша на социјалните мрежи член на организацискиот комитет на фестивалот.

„Едноставно „сите беа малку на адреналин“, му одговори учесник во манифестацијата.

Впрочем, средновековниот воин, откако ги сфати последиците од својата импулсивна постапка, со помош на пријателите веднаш му ја компензираше штетата на сопственикот на дронот.

Сопственикот на дронот беше импресиониран од фантастичниот напад и предложи наредната година да се организира натпревар во соборување „змејови“ со кратки копја. Сопствениците на дронови имаат уште цела една година да разработат уникатен  „змејовски“ дизајн за своите летала.

Видеото од настанот можете да го погледнете овде.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња