Ваква одлука донесе владата во Подгорица на 12 мај. Така, руските граѓани сега ќе можат да престојуваат на територијата на Црна Гора без виза деведесет дена, се разбира доколку поседуваат важечки документи. „При донесувањето на одлуката е земен предвид развојот на односите меѓу двете земји заснован на принципите на пријателство, заемно разбирање и соработка, на што дополнителен импулс му дадоа руските инвестиции и постојаниото зголемување на приливот на Руси во Црна Гора“, изјавија од црногорската влада.
Продолжувањето на престојот на руските граѓани без поседување на виза ќе им го олесни животот на стотици илјади руски граѓани кои годишно ја посетуваат Црна Гора. Досега тие можеа да престојуваат без виза најмногу 30 дена. За подолг престој требаше да извадат виза со траење од три месеци, нешто што беше поврзано со губење на време и материјални трошоци. Исто така, не беше најпријатно излегувањето секој месец во соседна Србија или Босна и повторното враќање, пишува дописникот на „Комерсант“ од Балканот Генадиј Сисоев.
Наглиот пад на патувањата на руските граѓани во Европа минатата година не се однесуваше на Црна Гора. Приливот на туристи од Русија во оваа земја остана на истото ниво, а во претстојната туристичка сезона Црна Гора, судејќи според сѐ, ќе биде едно од главните места за одмор на Русите. Во летните месеци, како што е планирано, на тиватскиот аеродром од Русија ќе слетуваат повеќе од десет авиони дневно. Одлуката на црногорската влада во поглед на визите треба да придонесе за пораст на руските туристи во оваа земја, пишува „Комерсант“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче