Настапувајќи на телевизијата ТВП, министерот Мачеревич соопшти дека беспилотните летала ја пресекувале пограничната зона од Калининградската област уште пред тој да застане на чело на полскиот одбранбен ресор. Според неговите зборови, подоцна Полска „доволно“ ја зајакнала својата граница и сега таквите случаи се „поединечни“.
Полскиот министер настапи со обвинувањата по соопштението за пресретнување на три руски транспортни авиони од страна на британски ловци од естонската воена база во Емари. Кога и над чија територија се случил тој инцидент не се соопштува, но министерот за одбрана на Велика Британија Мајкл Фелон веќе го нарече летот на транспортните авиони „демонстрација на агресија од страна на Русија“, пишува РИА „Новости“.
Министерството за одбрана на Русија повеќепати има изјавено дека сите прелети на Воздушно-космичките сили на РФ се изведуваат во строга согласност со меѓународните правила за користење на воздушниот простор над неутрални води, без нарушување на границите на други држави.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче