Русија и Индија со договор за производство на ловец од петта генерација

Индија е заинтересирана за купување на околу 200 ловци од овој тип.

Договорот за експериментално-конструкторската фаза на проектот за руско-индискиот ловец FGFA е усогласен и ќе биде потпишан наредниве месеци, соопшти индискиот весник „Трибјун“ повикувајќи се на извори во Министерството за одбрана на Индија.

Договорот се однесува на втората фаза од работата на проектот за ловецот FGFA. Првиот договор за дефинирање на техничката конструкција на идниот авион, потпишан во 2010 година, беше завршен во јуни 2013 година и чинеше 295 милиони долари. Потоа следните две години се работеше на усогласување на условите за понатамошната работа над авионот.

Според договорот за втората фаза ќе се работи на целосна реализација на експериментално-конструкторската работа, која ќе овозможи да се разработи ловецот согласно барањата на индиската страна. Износот на зделката чија реализација е предвидена да трае седум години (вклучително три години до моментот на првиот лет на авионот) се проценува на 4 милијарди долари.

Како основа за авионот FGFA ќе послужи рускиот ловец од петта генерација Т-50, произведен од компанијата „Сухој“ во рамкитена проектот ПАК ФА. Според претходно објавените процени, уделот на Индија во структурата на работите за изработка на FGFA ќе биде 40% (првично се предвидуваше само 13% удел). Њу Делхи изнесе повеќе од 40 барања, на пример, Индијците сакаат да бидат вградени најновите руски мотори кои овозоможуваат суперсонична брзина (постојните АЛ-41Ф1 не ги задоволуваат), вградување на радарски систем со опсег од 360 степени, како и намалување на радарската видливост на авионот во споредба со прототипот.

Индија е заинтересирана за купување на околу 200 ловци од овој тип, пренесува „Лента.ру“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња