Пентагон: Системот за ПРО во Европа не може да ги пресретне руските ракети

Министерството за одбрана на САД смета дека системот за противракетна одбрана (ПРО), што Вашингтон го распоредува во Европа, не е предвиден за спротивставување на руските ракети.

„Соработката со Русија е важна за регионалната стабилност и глобалната безбедност. Ние исто така ја уверуваме Русија дека нашата ПРО во Европа не е способна да ги пресретнува руските интерконтинентални балистички ракети“, соопшти Пентагон, пренесува „Взгљад“.

Американската војска истакнува дека можностите на системот за ПРО во Европа се ограничени и тој не е наменет за борба со „големите и сложените стратешки нуклеарни сили на Русија“.

Исто така во соопштението се тврди дека главна цел на распоредувањето на ПРО е спротивставување на ракетната закана која доаѓа од Иран. „Сѐ додека Иран разработува и распоредува балистички ракети, САД ќе работат заедно со сојузниците и партнерите за да се одбранат од тие закани“, изјавија од Пентагон.

Меѓутоа Москва ги смета овие изјави за неубедливи. Како што наведе раководителот на Одделот за прашањата за неширење и контрола на вооружувањето на МНР Русија Михаил Улјанов, ракетната програма на Иран не е закана за партнерите на НАТО во Европа и затоа не може да служи како оправдание за ЕвроПРО.

Москва многупати има изјавено дека елементите на ПРО се насочени кон милитаризација на Југоисточна Европа и им противречат на интересите на регионалната стабилност, при што е можно и излегување на Русија од договорот СТАРТ.

Портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков изјави дека распоредувањето на ПРО до границите на Русија несомнено претставува закана за земјата.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња