Захарова: Русија нема да го поддржи приемот на Косово во ФИФА

Конгресот на ФИФА ќе се одржи на 13 мај.

Русија нема да го поддржи приемот на Косово во ФИФА, изјави портпаролот на МНР РФ Марија Захарова, пренесува РИА „Новости“.

„Нашиот однос спрема признавањето на Косово е добро познат, беше континуиран, не претрпе измени. Ние, несомнено, забележуваме дека Приштина презема редица чекори за прием во меѓународни сојузи, меѓународни организации, очигледно, сметајќи дека тоа ќе ѝ помогне со глобално меѓународно признание како независна суверена држава. Очигледно дека членството во ФИФА е уште еден таков обид. Ние нема да судиме каква ќе биде одлуката на организацијата но, како што знаете, Русија нема позитивно да го поддржи ова прашање“, рече Захарова.

УЕФА на почетокот на мај на конгресот на организацијата во Будимпешта го прими Косово како членка на сојузот. На заседанието 28 земји гласаа за прием на Косово, 24 беа против, два гласа беа воздржани.  

Конгресот на ФИФА ќе се одржи на 13 мај.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња