МНР РФ: Русија и ЕУ се залагаат за зголемена соработка

Во Москва се одржа средба меѓу политичките директори на РФ и ЕУ.

Русија и ЕУ се залагаат за зголемување на соработката околу актуелните меѓународни проблеми и заедничко спротивставување на предизвиците и заканите, соопшти во четвртокот Министерството за надворешни работи по завршувањето на консултациите меѓу заменик-министерот за надворешни работи на Русија Алексеј Мешков и заменик-генералниот секретар на Европската надворешнополитичка служба Хелга Шмит.

Средбата меѓу политичките директори на РФ и ЕУ се одржа во Москва, пренесува РИА „Новости“.

„Се одржа детална размена на мислења за состојбата и перспективите за развој на билатералните односи. Беше дискутиран графикот на билатерални контакти  во најскоро време. Акцентирана е важноста од зголемување на соработката на Русија и ЕУ за најактуелните меѓународни проблеми и заедничко спротивставување на општите предизвици и закани“, се вели во соопштението објавено на сајтот на МНР РФ.


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња