Шевченковскиот суд во Киев одби да признае вооружена агресија на Русија врз Украина. Притоа на таква судска одлука инсистирал, како што пишува на сајтот на проектот „Отворен суд“, лично украинскиот претседател Петро Порошенко.
Активистот за човекови права Станислав Батрин, сега на чело на „Отворениот суд“, се обратил до судските органи во 2014 година со барање за официјално признавање на агресијата. Во текот на судскиот процес кој траеше две години, обвинителот и волонтерите поднесоа до судот повеќе од илјада страници официјални документи како доказен материјал. Според тврдењето на обвинителот документите, меѓу другото, го потврдуваат фактот на руската интервенција во Украина и окупацијата на дел од нејзината територија.
Батрин изјави дека одлуката на судот е политичка и дека има намера да поднесе жалба. „Меѓутоа, благодарение на безрбетноста на судот и извршната власт Русија ќе ги информира сите земји на светот дека дури ни украинскиот суд не ја признава агресијата на Руската Федерација“, изјави Батрин, пренесува „Лента.ру“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче