Анкета: Повеќе од 70 отсто Германци се за укинување на антируските санкции

Над 70% Германци се за целосно или делумно укинување на антируските санкции, сведочат резултатите од испитувањето на јавното мислење што беше спроведено од социолошкиот институт „Форса“ на барање на германскиот магазин Internationale Politik.

Резултатите од истражувањето велат дека 36% Германци се барем за делумно укинување на санкциите кои Европската унија ги воведе против Русија, додека 35% се за укинување на сите санкции, пренесува РИА „Новости“.

Во источните делови на Германија за целосно укинување на санкциите се изјаснија 49% од испитаниците, а за понатамошна примена на санкциите  - само 18% од државјаните. Истражувањето на јавното мислење е спроведено на 11-12 април и во него учествуваа повеќе од илјада луѓе.

Во четвртокот властите на сојузната покраина Долна Австрија повикаа на укинување на антируските санкции откако се покажаа како контрапродуктивни, додека штетата ја трпат домашните производители. Австриските политичари гледаат во Русија значаен партнер со кого би требало да се уредат односите, пренесуваат медиумите.

За укинување на санкциите против Русија во средата зборуваа и пратениците на една од најголемите германски опозициски партии „Алтернатива за Германија“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња