Сергеј Лазарев влезе во финалето на „Евровизија“

Рускиот претставник се пласираше во финалето на „Евровизија“.

Сергеј Лазарев, претставникот на Русија на годинешнава „Евровизија, се пласираше во финалето на ова престижно музичко натпреварување, пренесува РИА „Новости“.

Лазарев настапи како деветти со песната „Ти си единствената“ (You are the only one), која уште пред почетокот на „Евровизија“ се наоѓаше на врвовите на европските топ-листи.

Заедно со рускиот музичар, во финалето влегоа и претставниците на Азербејџан, Холандија, Унгарија, Хрватска, Австрија, Ерменија, Чешка, Кипар и Малта. Покрај нив, во финалето, според пропозициите на натпреварувањето, влегоа и Франција, Велика Британија, Германија, Италија и Шпанија, како и минатогодишниот победник Шведска.

Самиот пејач призна дека без оглед на тоа што секој негов чекор на бината бил пресметан до милиметар, имал трема пред настапот, меѓутоа сега е среќен. Лазарев се надева дека не ги посрамил Русите.

Второто полуфинале ќе се одржи во четврток, 12 мај, а финалето на 14 мај.

 


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња