Руски војник загина во Сирија

Рускиот војник почина во болницата во руската авиобаза Хмејмим откако беше тешко ранет во гранатирање од страна на сириските бунтовници.

Војникот Антон Еригин беше тешко ранет како резултат на гранатирање од страна на бунтовниците во сириската провинција Хомс и почина во болница, соопшти „Интерфакс“ повикувајќи се на претставник на руската база Хмејмим.

„Во провинцијата Хомс при извршување на задачи за придружување на автомобили на рускиот центар за помирување на спротивставените страни како резултат на гранатирање од страна на бунтовниците беше тешко ранет рускиот војник Антон Еригин. Ранетиот војник беше брзо однесен во болница каде руските воени медицински лица во текот на два дена се бореа за животот на Антон, но не успеаја да го спасат“, изјави соговорникот на агенцијата.

„Командата го предложи војникот за државно одликување постхумно“, додаде претставникот на руската база.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња