Грција во мај стана лидер по резервации направени од страна на руски граѓани, изјави во средата првиот човек на „Ростуризм“ Олег Сафонов, додавајќи дека бројот на руски туристи во оваа европска земја во 2016 година може да достигне еден милион луѓе.
„Грција, веројатно, ќе стане годинава најпосетувана земја за руските туристи“, изјави Сафонов во поздравниот говор на отворањето на руско-грчкиот туристички форум во Атина, пренесува „Интерфакс“.
Тој истакна дека „веќе во мај таа е лидер по резервации и продажби за летната сезона“.
„Тоа е добра тенденција. Во 2013 година видовме максимален туристички прилив – 1,2 милиони луѓе. За жал, во 2014-2015 година имаше надолен тренд, но, мислам дека годинава порастот на туристичкиот поток ќе биде значителен. Туристичкиот прилив од Русија во Грција на крајот на годината може да достигне еден милион души“, соопшти Сафонов.
Тој исто така потсети дека Русија и Грција ги поврзува илјадагодишна историја во сферата на религијата и историјата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче