ЕБOР: Руската економија во 2017 година ќе почне да расте

Зајакнувањето на руската економија ќе биде поддржано од обновувањето на цените на нафтата, порастот на приватната потрошувачка и инвестициите.

Економијата на Русија, според прогнозата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) наредната година ќе премине од рецесија на пораст. БДП-то на крајот на годината ќе се зголеми за 1%.

Зајакнувањето на руската економија ќе биде поддржано од обновувањето на цените на нафтата, порастот на приватната потрошувачка и инвестициите.

Според податоците на банката, во 2016 година рецесијата во руската економија ќе се задржи поради ниските цени на нафтата и намалувањето на достапните инвестиции. Притоа ЕБОР ја задржува својата прогноза од ноември минатата година за пад на руското БДП за 1,2%.

Во подолгорочна перспектива растот на руското БДП, при отсуство на значителни реформи, може да се задржи на ниво од 1-2%, пренесува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња