Новинарите имаа само зборови на пофалба за безбедноста и организацијата на превозот на околу сто новинари кои се упатија во руската авиобаза Хмејмим, а потоа и во Палмира. Четири автобуси во кои се наоѓаа новинарите беа обезбедувани на терен од осум оклопни транспортери опремени со тешки митралези, две оклопни возила и два хеликоптери.
Новинарите нагласија дека во текот на шестчасовното патување во воздухот се менувале хеликоптерите Ми-28 „Ноќен ловец“, Ка-52 „Алигатор“ и модернизираниот Ми-35.
Телевизиската екипа на „Си-Ен-Ен“ забележува дека воениот логор во базата Хмејмим е „голем, современ и многу добро уреден“. На снимателите им беше дозволено да ги фотографираат руските војници како прават вежби, боксуваат, играат кошарка и одбојка.
Професионализмот на војската и беспрекорната состојба на оружјето покажуваат дека руските вооружени сили се далеку напред во однос на периодот од пред неколку години кога почна модернизацијата, констатира телевизијата. Покрај авионите-ловци, „Си-Ен-Ен“ го истакнува и големиот број разновидни хеликоптери, тенкови, оклопна техника и системи земја-воздух, пренесува „Взљад“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче