„Осумдесет земји поднесоа во ООН предлог-резолуција против практиката на бомбардирање болници по која се познати САД. Саманта Пауер би требало да размисли за тоа, а не за Крим“, напиша Пушков на својот профил на Твитер.
Саманта Пауер претходно изјави дека САД ќе се откажат од санкциите против Русија единствено ако сите одредби од „Минската спогодба“ за регулирање на конфликтот во Украина бидат во целост исполнети. Таа додаде дека американската страна ќе ги остави на сила мерките на ограничување поврзани со Крим, сѐ додека Русија „не се откаже од окупацијата на полуостровот“.
Кога станува збор за нападите врз болници рускиот пратеник потсетува дека предлог-резолуцијата на Советот за безбедност на ООН, разгледуван на 3 мај, е документ со кој се повикува на заштита на хуманитарните работници во текот на вооружени конфликти и се осудуваат нападите врз здравствени установи. САД категорично ја отфрлаат вмешаноста во бомбардирањето цивилни цели, пишува „РИА Новости“.
Минатата недела портпаролот на генералниот секретар на ООН Стефан Дужарик изјави дека е извршен уште еден напад врз болница во Алепо во кој загинаа најмалку 3 лица, а 15 се повредени. Притоа генералниот секретар на САД Џон Кери изјави дека болницата Дабит во Алепо е гранатирана од територија под контрола на сириската опозиција, пишува „Взгљад“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче