Пентагон: Русија го зголемува потенцијалот за напад на САД во вселената

Особена загриженост во Пентагон предизвикува судбината на сателитите.

Претставници на Пентагон сметаат дека вселенските програми на Русија и на Кина можат да претставуваат опасност за САД, пишува весникот „Вашингтон Пост“.

„Претставници на Пентагон изјавуваат дека Русија и Кина разработуваат можности за напад на САД во вселената додека САД заглавија во контратерористичките операции во Ирак и Авганистан“, истакнува изданието.

Во статијата се вели дека Русија, Кина и други земји разработуваат технологија која може да ја исфрли од строј инфраструктурата на националната безбедност која САД ја создадоа во вселената. Особена загриженост во Пентагон предизвикува судбината на сателитите.

„Треба да признаеме дека, без оглед на нашите напори, во иднина конфликтот може да почне или да се прошири во вселената“, ги цитира весникот зборовите на адмиралот Сесил Хајни, командант на Стратешката команда на САД.

Помошникот-државен секретар на САД за контрола на вооружувањето Френк Роуз претходно изјави дека е „загрижен поради континуираните разработки на противсателитско оружје од страна на Русија и Кина“, потсетува изданието.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња