Државниот секретар на САД Џон Кери позитивно ја оцени улогата на Русија во воспоставувањето на режимот на прекин на огнот во Сирија, истакнувајќи дека без учеството на Русија во оваа земја не би било постигнато примирјето.
„Без РФ немаше да го постигнеме режимот на прекин на огнот. Без некакво претерување, спасени се десетици илјади животи. Можете тоа да го пресметате, ако земете предвид дека секојдневно гинеа околу 200 луѓе. Тоа е за извесно време прекинато. Луѓето со години не добиваа хуманитарна помош, а сега речиси еден милион луѓе добија хуманитарна помош, изјави Кери во интервјуто за телевизијата „Си-Ен-Ен“, пренесува РИА „Новости”.
„Ова примирје има некакви предности. Дали е идеално? Не е. Дали постојат прашање со кои треба да се занимаваме? Да. Ова е петгодишна војна. И, всушност, тоа се неколку војни. Имаме Курди против Курди, Курди против Турци, ги имаме Саудиска Арабија, Иран, сунити, шиити, луѓе кои се против ИД, луѓе кои се против Асад. Тоа е многу сложен конфликт“, додаде американскиот државен секретар.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче