САД повеќе не го акцентираат прашањето за судбината на претседателот на Сирија Башар Асад и неговото заминување повеќе не е услов во преговорите за сириското регулирање, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Русија Генадиј Гатилов во интервју за весникот „Известија“.
Според неговите зборови, позицијата на Вашингтон претрпела низа промени од почетокот на преговарачкиот процес.
„Тогаш на прво место се ставаше прашањето за заминување на Асад, се зборуваше дека без тоа прашање е невозможно да се реализираат никакви преговори. Сега, откако помина време, се гледа дека тоа прашање не се акцентира, не претставува услов за почеток на преговорите. Во ова прашање има напредок, макар што треба да се признае за волја на вистината дека тие продолжуваат да зборуваат дека тој нема политичка иднина и дека треба да си замине“, објасни рускиот дипломат.
Гатилов истакна дека САД се обидуваат да добијат од Русија согласност за заминување на Асад од претседателската функција на крајот на преговарачкиот процес.
„Ние продолжуваме да им одговараме дека прашањето за политичката судбина на Асад нема да го решаваме ние, туку како што е запишано во Женевското коминике од 2012 година и во документите што следуваа, а кои беа усвоени вклучително и од Меѓународната група за поддршка на Сирија“, истакна заменик-министерот на руското МНР.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче