Според зборовите на еврокомесарот, потребно е да се измери какви ќе бидат последиците за безбедноста на снабдувањето со гас, неговата диверзификација и конкурентноста на испораките во земјите од Централна и Источна Европа.
„Кај Русија ќе се појави доминантна способност за испораки во Европа и ќе се случи намалување на маршрутите од три на две. Покрај тоа, во опасност ќе се најде снабдувањето на Полска. Кратењето на маршрутите, се разбира, нема да ја подобри сигурноста на снабдувањето“, изјави тој, пренесува „Комерсант“.
Еврокомесарот иста така зборуваше за негативното влијание на „Северен тек-2“ на конкурентната ситуација со испораките во земјите од Централна и Источна Европа.
Освен тоа, Кањете ја потенцираше важноста од задржување на Украина како транзитна земја за испорака на гас: „Во интерес на сите земји, и не само земјите од Централна и Источна Европа е Украина да остане важен транзитен коридор“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче