Аналитичарите на „Дојче Банк“ сметаат дека антируските санкции можат да бидат укинати во текот на наредната година „или приближно тоа време“, што ќе предизвика прилив на капиталот во Русија и ќе доведе до зајакнување на рубљата, пишува агенцијата „Блумберг“.
„Освен нафтата постојат и други причини да се гледа со оптимизам во иднината на заздравувањето на рубљата во среднорочна перспектива. Постои можност во текот на наредната година или приближно тоа време да бидат укинати санкциите против Русија, што е позитивен фактор како за приливот на капитал, така и за состојбата на рубљата“, сметаат аналитичарите на „Дојче Банк“ Гаутам Калани и Кристијан Вјетокса.
Освен тоа, како што пишува „Блумберг“, руската валута ќе добие поддршка од Централната банка која „претпазливо ѝ се враќа на политиката на намалување на референтната каматна стапка”. Притоа, сметаат аналитичарите, цените на нафтата постепено ќе растат, што исто така позитивно ќе се одрази на курсот на рубљата, пренесува РИА „Новости” .
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче