Претседателот на Украина Петро Порошенко смета дека земјите кои се сомневаат во ефикаснота на санкциите против Русија треба да размислат за нивно заострување. Оваа изјава тој ја даде во текот на манифестацијата „Првата минута мир“ во Киев вечерта на 8 мај, пренесува „Лента.ру“.
„Одвреме-навреме во некои европски земји се слушаат гласови за наводна неефикасност на санкциите. Ако некому му се чинат неефикасни, тогаш треба или да не се укинуваат или да не се омекнуваат, ами обратно – да продолжат и да се зајакнуваат!“, потенцираше Порошенко.
Тој додаде дека украинските дипломати ги вложуваат сите напори за продолжување на санкциите против Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче