„С. Лавров повторно укажа на потребата од најскоро одвојување на антивладините формации кои се ориентираат спрема Вашингтон од терористичките групи, како и пресекување на помагањето на екстремистите преку територијата на Турција“, се вели во соопштението објавено на сајтот на МНР РФ што го пренесува РТ на руски.
Покрај тоа, се дискутираше и за неопходноста од продолжување на преговорите меѓу властите на Сирија и целиот спектар на опозицијата со посредство на ООН, како и неопходноста од почитување на режимот на прекин на борбените дејствија.
Министерот и државниот секретар исто така си разменија честитки по повод Денот на Победата и ја потенцираа важноста на зачувувањето на историската вистина за Втората светска војна.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.