Организаторите на проектот „Бесмртниот полк“ очекуваат годинава во акцијата да учествуваат околу 24 милиони луѓе во цела Русија, што ќе биде двојно повеќе од лани. Вакво мислење искажа во програмата на радиото „Зборува Москва“ копретседателот на движењето Николај Земцов.
„Ако зборуваме за чисти бројки, 12 милиони имаше минатата година. Оваа, судејќи по размерот, може да има и двапати повеќе. Во Москва, мислам, ќе има повеќе од милион луѓе“, изјави тој, истакнувајќи дека таквите заклучоци се направени поаѓајќи од бројот на добиените телефонски повици и молби.
Земцов исто така напомена дека годинава настанот ќе биде проследен со музика, и за учесниците ќе биде обезбедена вода за пиење, пренесува ТАСС.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче