Претседателот на Русија Владимир Путин влезе меѓу првите 10 најпочитувани луѓе на светот, вели анкетата која секоја година се спроведува од страна на социолошката служба YouGov.
Рускиот претседател се најде на шестото место, пред Далај-лама, премиерот на Индија Нарендра Моди, основачот на „Фејсбук“ Марк Цукерберг, кинескиот претприемач Џек Ма и поранешниот британски фудбалер Дејвид Бекам.
На прво место е сопственикот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс, на второ е американскиот претседател Барак Обама, додека на третото место е кинескиот претседател Си Ѓинпинг.
Минатата година Путин беше на единаесеттото место на листата, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче