Премиерот на РФ Дмитриј Медведев го потпиша декретот со кој волгоградската скулптура „Татковината повикува“ се прогласува за објект од особена важност за културното наследство на Русија.
На овој начин се создадени сите услови овој уникатен споменик да се најде на списокот со културно наследство на УНЕСКО, се наведува во соопштението објавено на сајтот на владата на Русија што го пренесува РИА „Новости“.
„Согласно заклучокот на државната историско-културна експертиза, скулптурата „Татковината повикува!“ одговара на критериумите за вклучување на објектите во категоријата особено важни објекти на културното наследство на народите на Русија... Донесена е одлука за признавање на објектот од културно наследство од федерална важност „Скулптурата „Татковината повикува!“ за особено важен објект на културното наследство на народите на Русија“, се вели во соопштението за документот.
Споменикот „Татковината повикува!“ се наоѓа на Мамаев Курган во Волгоград и е изграден во знак на сеќавање на Волгоградската битка. Дело е на рускиот вајар и уметник Евгениј Вучетич и архитектот Николај Никитин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче