Русија му дава на Иран „посебна привилегија“ во трговијата

Москва дава царински олеснувања од 25% за стоките увезени од Иран, соопшти претставникот на Организацијата за развој на Иран Хасан Мортаџи.

Организацијата дава, на пример, поддршка на трговските претпријатија во промоцијата на производството на странскиот пазар, зголемување на извозот и информативна поддршка, пишува „Взгљад“.

„Русија им даде на стоките увезувани од Иран посебна привилегија, вклучително и намалување на царинската за 25%“, се вели во изјавата на Мортаџи.

Тој исто така истакна дека олеснувањата се однесуваат на цела група стоки произведени на територијата на Иран.

„Покрај олеснувањата кои Русија ги воведе во однос на стоките увезувани од Иран, беа намалени и трошоците за превоз и извоз кон северниот сосед. Најмалите трошоци за испорака на иранските стоки во странство се однесуваат на Русија и се реализираат преку Ензели во Астрахан“, додаде Мортаџи.

Без оглед на договорените прашања во однос на трговијата со Русија и отсуството на таков конкурент како што е Турција, постојните можности засега не се искористуваат целосно.

Во врска со тоа за подобро запознавање со рускиот пазар и неговите можности, како и за зајакнување на трговските односи со Русија, планирана е трговска конференција во Москва, истакна претставникот на организацијата и додаде дека истата ќе се одржи на 24-25 мај.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња