Претседателот на Русија Владимир Путин во честитките по повод 71-годишнината од Победата во Втората светска војна до шефовите на државите од ЗНД, Абхазија, Јужна Осетија, како и до граѓаните на Грузија и Украина, потенцираше дека не смее да се дозволи ревизија на историјата и повторување на трагичните настани од минатото, соопшти прес-службата на Кремљ.
„Путин особено истакна дека не смее да се дозволи ревизија на заедничката историја и повторување на трагичните настани од минатото. Наш заеднички долг е грижливо да го чуваме споменот на загинатите во Големата Татковинска војна и на секој начин да се грижиме за сѐ уште живите ветерани“, се вели во соопштението што го пренесува РИА „Новости“.
Честитката е упатена до лидерите на Азербејџан, Белорусија, Ерменија, Казахстан, Киргизија, Молдавија, Таџикистан, Туркменистан, Узбекистан, Абхазија и Јужна Осетија.
Во телеграмата со честитки на Путин се потенцира дека Денот на Победата е свет празник којшто засекогаш ќе остане симбол на хероизмот и обединетоста на народите кои ја одбранија во крвави битки родната земја и го спасија светот од фашизмот.
Путин изрази увереност дека докажаните за време на „заедничката борба врски на пријателство и братство ќе продолжат и понатаму да служат како основа за доследно зајакнување на билатералните односи“ и да придонесуваат за развој на интегративните процеси на евроазиските простори.
Исто така, претседателот на РФ искажа зборови на благодарност до сите ветерани на војната и трудбеници од позадината и им посака многу здравје и долговечност.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче