Русите, оценувајќи ја работата на претседателот на РФ Владимир Путин за изминатата година, позитивно се изјаснија за активностите на РФ на меѓународната сцена, цврстиот политички став на земјата и операцијата во Сирија. Ова се резултатите од анкетата на Фондот „Јавно Мислење“ (Фонд "Общественное мнение"), пренесува РИА „Новости“.
Анкетираните, одговарајќи на прашањето за тоа кои постапки и одлуки на претседателот ги издвојуваат најмногу, ги наведоа воената операција во Сирија (8%), заштитата на интересите на земјата на меѓународна сцена (5%), како и помошта за други земји и зајакнувањето на одбранбената способност на земјата.
Граѓаните исто така ги оценија позитивно и напорите за развој на Крим, неговото присоединување со РФ (7%), решавањето на проблемите на граѓаните во текот на „Директната линија“ (5%). Покрај тоа, на Русите им се допаѓа што претседателот многу работи (4%), неговите лични особини предизвикуваат доверба (4%).
Испитаниците најмногу се жалат на проблемите во социјалната сфера во земјата, растот на цените и недоволната, според нивните оценки, контрола над чиновниците.
Согласно анкетата, од моментот кога Путин беше реизбран за претседател на РФ, 38% Руси почнаа подобро да се однесуваат спрема шефот на државата (во споредба со 2000 година), а кај 42% односот остана непроменет. За мнозинството Руси (69%) работењето на рускиот претседател одговара на нивните очекувања, 38% граѓани сметаат дека најсериозните промени кон подобро се случуваат во земјата благодарение на шефот на државата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.