„Режимот на тишина“ во Латакија и Алепо продолжен за 3 дена

Рускиот Центар за помирување во Сирија објави дека примирјето во Латакија и Алепо е продолжено за 3 дена.

„Режимот на тишина“ на северот на Латакија и Алепо во Сирија по инцијативата на РФ е продолжен за три дена, се вели во информативниот билтен на рускиот Центар за помирување во Сирија што Министерството за одбрана на Русија го објави на својот сајт во петокот.  

„Со цел да не се дозволи понатамошно заострување на ситуацијата, на иницијатива на руската страна во северните реони на провинцијата Латакија и градот Алепо „режимот на тишина“ е продолжен од 00.01 часот на 7 мај за 72 часа“,  се вели во соопштението што го пренесува РИА „Новости“.

Се истакнува дека „режимот на тишина“, постигнат со посредство на РФ и САД, се почитува во целост од страна на владините сили и опозициските групи во северните реони на Латакија и во предградието на Дамаск Источна Гута.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња