„Ноќните волци“ положија цвеќе на гробовите на црвеноармејците во Прага

Околу 100 учесници на дефилето „Патиштата на Победата – на Берлин“ на рускиот мото-клуб „Ноќни волци“ и нивни колеги од клубови од Чешка и Словачка положија во саботата во Прага цвеќе на гробовите на црвеноармејците кои загинале при ослободувањето на Чехословачка од фашистите во 1945 година.

Во Чешка пристигнаа околу 50 „Ноќни волци“ по посетата на гробовите на црвеноармејците во Словачка и Австрија, пишува „Взгљад“.

Во предградијата на Прага беа пречекани од 60-на чешки колеги, по што колоната се упати кон центарот на Прага.

Во сабота попладне „Ноќните волци“ планираат да го посетат градот Дечин во северозападна Чешка, каде и таму ќе положат цвеќе на гробиштата на војниците на Црвената армија, по што заедно со колегите од други земји ќе се упатат кон главниот град на Германија.

Министерството за надворешни работи на Русија навремено ги информираше владите на европските земји за маршрутата на моторџиите.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња