Американскиот весник „Вол Стрит Џурнал“ цитира делови од писмото кое во април го испратија сенаторите Џон Меккејн, Џек Рид и Клер Мекаскил до администрацијата на претседателот на САД Барак Обама.
„Разбираме дека барањата (по повод одобрувањето на наведените договори) треба внимателно да се проучат, сепак конечното решение се одолговлече предолго“, се истакнува во писмото.
„Откажувањето на нарачката нема да ги спречи овие земји да набават ловци од странски испорачувачи, вклучително, веројатно и од Русија“, сметаат сенаторите.
„Америка не треба да ја испушти можноста за проширување на сферата на своето влијание на Блискиот Исток, да ја обезбеди својата индустриска доминација и не треба да отстапува пред своите соперници или противници“, наведуваат сенаторите.
Станува збор за испорака на повеќе од 60 ловци F-15, F/A-18E/F Super Hornet и F-35. Вашингтон беше принуден да ја одложи реализацијата на договорите на две години поради противењето на Израел, кој се плаши дека авионите можат да се најдат во погрешни раце и да бидат искористени против него.
Неделава исто така беше соопштено дека место американски F-16 Пакистан може да купи руски и кинески ловци, пишува „Взгљад“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче