Портпаролот на МНР РФ Марија Захарова со иронија ја коментираше изјавата на министерот за надворешни работи на Велика Британија Филип Хамонд за концертот што во четвртокот, 5 мај, го одржа во Палмира симфонискиот оркестар на Мариинскиот театар под диригентство на Валериј Ѓоргиев.
„Се разбира, тажно е што на Хамонд не му се допадна. Ние овде сите се растуривме од работа за да му се допадне, сѐ беше направено заради него. И затоа што тој се разбира од музика – колку што сфативме сега, тој и не се разбира од музика, - ами затоа што освен коментарот на концертот, другите негови коментари веќе никого не интересираат.
Концертот на оркестарот на Мариинскиот театар во Палмира беше успешен. Многу медиуми во светот објавија на своите сајтови видео-снимки од настапот на рускиот оркестар. Коментаторите го нарекоа настапот на руските музичари во Палмира сигнал, затоа што руското присуство во Сирија носи надеж и стабилност.
УНЕСКО го нарече концертот важен настан за светската култура. „Тоа, несомнено, е важен настан. Настапот на Ѓоргиев внесува значителен удел во работата за зачувување на културното наследство на Сирија, кое претставува наследство на целото човештво“, истакнаа од седиштето на организацијата, пренесува нашето матично издание „Росијскаја газета“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче