Си-Ен-Ен: Секој петти Американец ја смета Русија за „сериозна закана“

Повеќе од 20 проценти Американци сметаат дека Русија претставува опасност за САД, покажаа резултатите од анкетата на телевизијата „Си-Ен-Ен“ и истражувачката служба „О-Ер-Си“.

Мнозинството Американци сметаат дека Русија претставува опасност за САД, покажаа резултатите од социолошката анкета на телевизијата „Си-Ен-Ен“ и службата за истражување „О-Ер-Си “.

На анкетираните им беше понудено да го определат степенот на опасност за САД од страна на четири земји – Русија, Кина, Иран и Северна Кореја – и радикалните исламисти од „Исламската држава“. Беа понудени четири опции за одговор – претставува „многу силна закана“, „умерено сериозна закана“, „незначителна закана“ и не претставува „никаква закана“.

Се покажа дека околу 21% од анкетираните ја сметаат Русија за „многу сериозна закана“ за САД, 40% гледаат во Москва „умерено силна закана“, 22% ја сметаат за „незначителна“ закана. Никаква опасност во Русија не гледаат само 15% од населението на САД.

Најмногу од сѐ граѓаните на САД се загрижени поради борците на ИД – 73% Американци ја сметаат „Исламската држава“ за највисок степен на „закана“.

Анкетата беше спроведена телефонски во периодот од 28 април до 1 мај годинава меѓу 1000 Американци. Дозволената грешка е не поголема од 3%.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња