Концертот во Палмира за Велика Британија невкус, за САД одличен

Министерот за надворешни работи на Велика Британија Филип Хамонд го нарече концертот на оркестарот на Мариинскиот театар во Палмира „невкусен обид за оттргнување на вниманието од континуираното страдање на милиони Сиријци“.

Според зборовите на британскиот шеф на дипломатијата, ова особено е очигледно по воздушниот напад врз бегалски логор на северот на Сирија во кој загинаа најмалку 28 лица, меѓу кои жени и деца. Опозицијата ги обвинува владините сили за тој напад, пренесува „Взгљад“.

„Ова покажува дека нема таква длабочина до која не може да не спадне овој режим. Дојде време сите оние кои имаат влијание врз Асад да кажат: „Што е доста – доста“, додаде министерот, мислејќи на Русија.

Истовремено Вашингтон го смета за позитивен настапот на рускиот оркестар во Палмира.

„Тоа е одлично. Добро е“, изјави портпаролот на Стејт департмнентот Марк Тонер на брифингот.

Истовремено тој го повтори ставот дека од една страна САД се „среќни што се успеа ИД да бидат истерани од Палмира“, а од друга „замената (на ИД) со режимот на Асад не е најдобар исход“.

Во четвртокот, 5 мај, во амфитеатарот на Палмира се одржа концерт на симфонискиот оркестар на Мариинскиот театар под диригентство на Валериј Ѓоргиев под наслов „Со молитва за Палмира. Музиката ги оживува древните ѕидови“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња