Концернот „Калашников“ покрај производство на оружје има намера да произведува колекција на облека и аксесоари, изјави во интервју за весникот „Известија“ директорот за маркетинг на компанијата Владимир Дмитриев.
Според неговите зборови, до крајот на годината во руските градови се планира отворање на 60 продавници во кои ќе биде претставено како традиционалното стрелечко производство на концернот, така и модната роба на марката „Калашников“.
„Гиганти како што се „Катерпилар“ и „Ферари“ само од продажбата на своја облека имаат до 10 отсто заработувачка. „Калашников“ е светски бренд и ние основано сметаме дека и нашата облека и сувенири ќе бидат барани паралелно со основните производи“, вели Дмитриев. Тој објасни дека поради санкциите спрема Русија концернот е присилен сериозно да ја преиспита својата маркетинг политика: претходно до 70 отсто од ловечкото и спортското оружје заминуваше на европскиот и американскиот пазар.
Линијата на облека и аксесоари засега се наоѓа во фаза на разработка. Нејзината презентација е планирана за септември и ќе се одржи во рамките на форумот „Армија-2016“. На оваа манифестација концернот полага големи надежи, затоа што планира таму да претстави не само демилитаризирана роба, туку и обновена линија на стрелечко оружје произведено за интересите на Министерството за одбрана и цивилниот сектор.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче